По одржаните Форуми на заедницата за програмата за праведна транзиција, во мај, јуни и јули годинава, крајот на минатата недела го означи крајот на еден од проектите кои се однесуваат на подигнување на свесноста и подигнување на степенот информираност на населението за неопходната промена во енергетиката кај нас , во регионот и во Европа генерално. Разговаравме со Елена Николовска, програмски координатор за клима во организациајта „еко свест“.
Енергетската транзиција од фосилни кон обновливи или алтернативни извори на енергија е неминовен процес кој мора да се направи. Државите, особено локалната заедница не смее да биде затекната со промените, особено што светот се врти и кон т.н циркуларна економија. Оттука во Битола изминатите месеци се реализираа форуми на заедницата. Најпрвин беа информативни, вели Елена Николовска, програмски координатор за клима во организацијата еко-свест. Една од нејзините пораки е Битола, регионот да ги реализира еко проектите од „визијата за енергетската транзиција“ за да испрати афирмативна, а не збунувачка порака кај потенцијалните инвеститори.












