Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели дека добро е да се најде механизам и законско решение со кое градоначалниците ќе можат да бидат променети и пред истекот на мандатот доколку повеќе од половината регистрирани гласачи се незадоволни од нивната работа.

Според него со сегашното, како што вели за жал несреќно решение кое со Законот за локална самоуправа од 2002 година, намерно или ненамерно градоначалниците се недопирливи во својот мандат од 4 години.
Бојкоски вели дека тие се единствените избрани лица во нашата држава кои со сегашното законско решение се заштитени како “бели мечки” .

Разговараме и за тоа дека градоначалниците можат да менуваат директори, како што тоа не можат да го прават други високи функционери. Го прашавме и за тоа дали Советот не е само гласачка машинерија, ако градоначалникот го крои дневниот ред на Советот, а тие само гласаат, па дури и можат да бидат прескокнати во одредена фаза или момент, а одлуките да се носат на формирани комисии од градоначалникот.
Потребнo е и професионализирање на функцијата советник за време на избраниот мандат и проактивно вклучување на советниците при изготвувањето и реализирањето на проектите, вели Бојкоски и додава дека ќе се залагаат за зголемување на процентот на ДДВ кој се одделува од централниот буџет за општините за поголеми нивна финансиска независност.
Во продолжение целото интервју.












