На последната седница на Советот на општина Битола во делот на расправата која се отвори за загадениот воздух, советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски потсети на проектот за топлификација на Битола, кога почнал, колку време бил закочен, како и за тоа кој бил против изградбата на велосипедските патеки.
„Неспорен факт е дека се презеле и некакви мерки за да се спречи загадувањето во градот, онолку колку што можел овој Совет ги гласал, не само овој состав и останатите Совети кога ние не сме биле советници, се правеле мерки за да се намали загадувањето, па така јас ќе напоменам бидејќи го спомна колегата Корлевски делот за топлификацијата.
Точно тој проект е започнат, согаласно достапните информации започнат е во 2013 година уште во време кога ВМРО ДПМНЕ беше централна власт со физибилити студија. Подоцна во 2014 и 2015 година се обезбедила комплетната документација за изградба на топлификација во градот и во декември 2015 година е склучен договор со КФВ банката за заем за изградба на топловодот.
До 2021 година сведоци бевме дека немаше никаква градежна активност во тој дел, а претходно неколку години СДСМ беше власт, односно на крајот на заминување почнаа со реализција. И добро е што на крајот од нивниот мандат се сетија дека има проект за топлификација.
Во делот на аерозагадувањето има и мерка изградба на велопатеки. Се сеќава и јавноста и вие тука добро се сеќавате дека проектот за велопатеки финансиски поддржан од Европската унија, не беше поддржан од страна на советничката група на Поинаку, факт е.
Исто така предвидени се мерки, контрола на мало стопанство, прочистувачи на воздух. На претходната седница колешката Наумовска предложи една од мерките во програмата за животна средина да биде причистивачи на воздих и до сега немало таква мерка од страна на локалната смоуправа и сите ја изгласавме“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.












