За тоа кој вработувал партиски е јасно нотирано во ревизорскиот извештај обjавен на веб страната на Општина Битола, рече на седницата на Советот на општина Битола, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски.
„Во 2020 година биле ангажирани 6 лица за доставување на решенија за комунална такса, но на ангажираните лица им е исплатена плата иако е евидентирано дека истите не вршеле достава на решенијата. Во 2021 година повторно биле ангажирани 6 лица за доставување на решенија за комунална такса, но на ангажираните лица им е исплатена плата и покрај тоа што повторно е евидентирано дека истите не вршеле достава на решенијата“ рече Бојкоски.
На ова реплицираше советникот од СДСМ Борче Корлевски.
„Ревизорскиот извештај кажува кои се препораки и слободно читајте ги. Во 2020 година дали знаете дека имаше ковид пандемија. Дека курирот не го примаа граѓаните дома. Е како да ви објасниме за таа работа. Вие ја опструиравте реализацијата на пример за пописот да идат дома заради ковид. Како да дојдат куририте дома? И 30 проценти не ги нашле, можеби не му отвориле, можеби не сакаат да примат, и сега тие биле партиски вработувања“ рече Корлевски.












