„Се е завршено и на крајот остана ова финалното кај вас“ вака денеска на совениците им се обрати директорот на „Паркинзи“, Зоран Михајловски образложувајќи ја потребата од промена на статутот на претпријатието во делот на дејноста и одлуката за цените за користење на лизгалиштето.

Цената од 100 денари вели дека е достапна за сите, а за организирани групи, односно за ученици по 50 денари.

Советникот од СДСМ, Петар Николовски кој последниве месеци е најчесто на говорница и ги брани партиските ставови на СДСМ, рече дека можат како општина да обезбедат 60 дена, 30 дена бесплатна забава за најмладите, но вели треба да се има план и визија, а не хаос. Затоа рече дека ќе бидат против, односно воздржани.

На ова реплицираше координаторот на ВМРО ДПМНЕ.

„Прво кажуваат од СДСМ дека биле за лизгалиштето, ама ќе гласале против. Вакво нешто може само тие тоа да го смислат. Благодарност до колешката Габриела Илиевска и советничката група на Поинаку што ќе дадат поддршка за ова лизгалиште“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.












