ТЕРА

REKLAMA???

„БУКЕТ ОД ПЕСНИ“-КОНЦЕРТ НА ОКТЕТОТ „ПРИЛЕП“

По повод 8- ми март, традиционално и оваа година октетот „Прилеп“ го одржаа концертот „Букет од песни“. Фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше претесно да ги собере сите вљубеници во добриот музички звук на староградската песна.

Октетот, работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“, и  се претстави со одбрани композиции во кои се пее за жената.

29 години овој состав ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Често настапуваат и во Битола па така на фестивалот „Илинденски денови“ ја имаат добиено наградата за најдобра интепретација на староградска музика. Досега имаат издадено неколку албуми.