ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ПОВТОРНО НА СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Вкупно 64 точки на дневниот ред за наредната седница на Советот на Општина Битола. Меѓу нив и точката за измени и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година. Се однесува на проектот за велосипедските патеки, кој на вонредната седница не помина.

Сега, како што беше најавено од советничката група на ВМРО ДПМНЕ дека повторно ќе бараат да се стави на дневен ред, се најде на 27-та седница, која е закажана за 31 мај годинава.

Инаку оваа точка е за реконструкција на ТРОТОАРИ на дел од ул. „Васко Карангелевски“( од кружен тек „Педагошка“ до кружен тек „Веро“) и дел од улица„Партизанска “од спој со ул.„ Тодор Паница“ до спој со Градско Шеталиштесо должина 5300 м, во износ од 562.860,00 ден.

Во делот на дополнувањата на оваа програма за економски развој и Проектот за санација на соблекувални, помошни простории и ходници во Спортска сала “Боро Чурлевски, Битола”, во износ од 240.000,00 денари и Изработката на Сообраќајна студија за потребите на ГУП”од  8.833.000,00дененари станува 8.030.140,00 денари.

Пред советниците ќе се најде и кварталениот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во првиотк вартал од 2023 година, како и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Битола за 2023 година

Исто така, советниците ќе расправаат и за Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот закористење на земјиште во општа употреба за поставување урбана опрема и поставување урбана опрема за кое не може да се наплаќа комунална такса на територија на општина Битола.

Пред советнциите ќе се најдат и завршните сметки на основните и средните училишта од Битола за 2022 година, како и на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола.

Дел од дневниот ред е и Одлуката за збратимување на Општина Битола со Општина Осиек од РепубликаХрватска, како и Одлуката за давање согласност за склучување на Договор за заедничко вложување, управување и соработка во КК Пелистер АД Битола.

Пред советниците на оваа седница и повеќе одлуки за урбанистичкио-плански документации.