Денеска е последниот ден од програмата на годинашниот фестивал „Илинденски денови“.
Од 20:00 часот на ракометното игралиште е свечено затворање и доделување на признанија и награди.
Оваа ќе биде вечер на интернационална музика и игра. Публиката ќе има можност да ги проследи фолклорните групи од Полска, Италија, САД, Шпанија, Мексико и Колумбија.












