ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА НАРОДЕН СОБИР НА „ЛЕВИЦА“ ВО БИТОЛА

„Левица“ вечерва во Битола организира народен собир на кој говорници ќе бидат, Димитар Апасиев, претседателот на партијата, потоа Билјана Ванковска, кандидатката за претседател од Левица и Јована Мојсоска, носителка на кандидатската листа за пратеници во петтата изборна единица.

Народниот собир ќе се одржи во народниот театар со почеток од 19:30 часот.

Инаку на листата на Левица за оваа изборна едници се наоѓаат и кандидатите за пратеници Горан Велевски и Гаврил Трајковски и двајцата актуелни советници во Советот на општина Битола.