ТЕРА

REKLAMA???

ВИДЕО: НА СКИ ТЕРЕНИТЕ НА „СТРЕЖЕВО“ КАЈ НИЖЕПОЛЕ

Неделата беше вистински ден за уживање на ски-терените на „Стрежево“ кај Нижеполе. Сонце, малку ветер, посетители, едни скијаа, други се санкаа, трети со топол чај уживаа на сончевото време. А домаќините се погрижија да има и ди-џеј кој ќе се грижи за добра забава.

Сонцето и релативно високите температури за овој период од годината не одат во прилог на скијачкиот центар.

Според метеоролозите ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност.