Се повеќе битолчани имаат симптоми на настинка, со температура, малаксаност и кашлица. Проблемот неможе да се лоцира во еден единствен вирус затоа што зимските месеци се карактеристични за развивање на различни респираторни вируси. Здравстевните работници препорачуваат да се преземаат мерки за лична заштита.
Новогодишното и Божиќното празнување во службата за итна медицинска помош однесе многу битолчани со симптоми на силна настинка, којашто брзо се шири. Заклучокот е општ и генерален, на јавноста врз основа на сопственото искуство во празничните денови. Но, не е далеку од вистината.
Најпрвин, обемот на работа на Службата за итна медицинска помош и домашно лекување во деновите на 1 јануари, 6 , 7 и 8 јануари значително зголемен и се движи меѓу бројките од 115 до 165 прегледи и интервенции, вели д-р Зоран Трајковски, раководител на службата при Јавната здравствена установа Здравствен дом Битола.

Овие денови се карактеристични затоа што се неработни за матичните лекари, па, лицата кои заради лоша здравствена состојба побарале медицинска помош се обратиле директно во Брза помош, или ургентна медицина во болницата или директно во некое од специфичните одделенија.
Службата за итна медицинска помош работи со два оддели, тоа е ургентната или дежурна ноќна амбуланта и теренската служба.
„Најчесто пациентите коишто доаѓале во ургентната или ноќна амбуланта обично се жалеле на висока температура, треска, кашлица, болки во телото“, вели д-р Трајковски.
Карактеристично е дека пациентите, скоро сите ги даваат сличните анамнестички податоци , дека обично биле во контакт со друг заболен или други заболени од семејството или на работното место или на некои собирања заради празниците често ги имаше, дали од работните организации или пак семејните собири“ велат од Службата за идната медицинска помош.

Тоа е едно од опасностите со кои се соочуваат граѓаните кои се собираат во затворени простории, но и на отворено.
„ Собирите се потенцијално опасни, голем број на луѓе, меѓу нив некој може да е во фаза на инкубација со неманифестни симптоми и многу е критично тоа дека некој во околината дава податок дека имало заболен. Оттука добваме впечаток дека е многу лесно пренослив овој тип на агенс, без разлика дали е вирус или друг агенс што се пренесува по аеро-капков пат“ вели д-р Трајковски.
Со временската прогноза во која се најавува студен бран, од Брза помош предлагаат „граѓаните да излегуваат само доколку имаат нужна и итна потреба особено ако се свесни дека влегуваат во загадена, средина со загаден воздух, да се избегнуваат масовните собири или во затворен простор, а доколку мора да излезат да користат потопла облека, да ги заштитат главата и лицето односно носот и устата од ладниот воздух, за хроничните болни да користат редовната терапија што е препишана од матичните доктори и специјалисти, да се зголеми внесот на топли напитоци, витаминска терапија во смисла на сезонско овошје и да избегнуваат претерување со алкохол , обично јадење и се да биде во умерени количини. И најважно, кога ги посетуваат здравствените установи од било кој вид, да носат заштина лична опрема, маска на лицето, односно на носот и устата. Ова е препорака не само за тие што ги имаат симптомите, туку и за тие кои ги придружуваат.
Д-р Трајковски замолува, а со своите колеги од Здравствениот дом апелираат до граѓаните , тие со симптоми и нивните придружници, заштитната маска да им биде како дел од задолжителните документи што ги носат, здравствена легитимација, лична карта и маската да биде како еден задолжителен дел затоа што и да доаѓаат со друга симптоматологија или за друг проблем во ходниците или претходно поминале со вакви инфекции и многу полесно е да стапат во контакт со вакви вируси и да заболат и тие.

Место за посебна згриженост сепак нема, настинките и гриповите спаѓаат во зимски сезонски промени на здравствената состојба на населението, а центрите за јавно здравје ја прават типизацијата на видот на вирус кој најќесто се изолира за да се даде точен податок дали се работи за одредена конкретна вироза.












