ТЕРА

REKLAMA???

ВЛАДАТА ГО ЗАДОЛЖИ ЕСМ ДА ОБЕЗБЕДИ 100 ПРОЦЕНТИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ЕВН ХОМЕ

Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, и директорите на сите подружици, денеска одржаа состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој се расправаше за зголемување на планот за производство за 2022 година.

Од ЕСМ информираат дека Владата на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100% електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022 година, по цена од 48 eвра за мегават час.

„За зголемувањето на планот за производство земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.

За второто шестмесечје од 2022 година ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60% од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40% по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360 eвра за мегават час, што би значело енормно покачување на крајната цена за граѓаните“ стои во соопштението на ЕСМ.