Денеска пред советниците Одлуката за пренесување на правото на сопственост на приклучоците и мрежата за јавно осветлување на територијата на општина Битола на ЈП ИЗ Жабени. Власта вели дека ваквата одлука се прави со цел да се заштитат средствата на граѓаните и средствата на општината кои ги плаќа за електрична енергија.

„ Во споредба со минатата година цената на електрична енергија која што ја плаќаше Општина Битола беше 26 илјади евра, а последната сметка која што стигна на сметката на општина Битола е 170 илјади евра. Ова се средства за коишто Општина домаќински размислува со цел да ги заштити граѓаните од високи сметки, бидејќи од тие финансиски средства можат да се изградат многу проекти и објекти кои што се потребни за градот Битола. Сето она кое што ги прави власта преку министрите, пратениците и другите политички субјекти во државата, се обидува да кажи дека целата оваа ситуација која ја правиме е нелегална, меѓутоа нема ништо нелегално, бидејќи за информација на сите граѓани веќе ЈП ИЗ Жабени го плаќа уличното осветлување во ИЗ Жабени и тоа е веќе на регулираниот пазар, со оваа одлука и целото улично осветлување што е во градот сакаме како одговорна општина да го префрлиме на ИЗ Жабени со цел сите оние финансиски средства коишто се предвидени да бидат заштедени. Бидејќи општината од почетокот на годината до сега има платено повеќе од милион евра за електрична енергија и доколку продолжи трендот за зголемување на електричната енергија до крајот на годината Општина Битола само по основ на електрична енергија, односно само за учично советлување ќе плати 1.800.000 евра. Тоа се пари на граѓаните со кои ќе можат да се направат голем број на проекти, улици, патишта, водоводни и канализациони мрежи. Затоа ја носиме оваа одлука, за да можеме кога ќе дозволи ЕВН и Владата, и ги повикуваме уште еднаш да ги прифатат овие одлуки со цел да ги заштитат средствата на граѓаните, бидејќи средствата коишто ги плаќаат граѓаните се за електричната енергија, а подоцна Општина Битола ги префрла кон снабдувачот за електрична енергија. Во моментов Општина Битола е на нерегулираниот пазар и со тоа Општина Битола купува електрична енергија од компании што се блиски до власта и нормално сите овие префрлања на броилата не и одговараат на власта, бидејќи нивните компании ќе треба да ги намалат своите профити коишто во моментот ги прават и се енормни, и во моментот жално е навистина за град како Битола каде што тука се произведува електрична енергија, општина Битола да купува електрична енергија од странство“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

За опозицијата ваквата одлука оди на штета на граѓаните.
„Општините кои се раководени од страна на ВМРО ДПМНЕ диригирани од нивните партиски шефови прават злоупотреба на нивните должности, односно злоупотребата ја прават самите градоначалници со што дозволуваат броилата од јавното осветлување во нашиот град да се префрли на ЈП ИЗ Жабени и со тоа да тие наводно плаќаат помали финансиски средства за месечен надоместок за електрична енергија, а самите не се свесни дека вршат директен упад врз џебовите на нашите граѓани, затоа што моќноста која што треба да ја плаќа Општина Битола сега ќе се префрли да ја плаќаат семејствата и со тоа во наредниот период доколку ова продолжи ќе се зголемат сметките на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ својата некреативност за водење на општините, своето партиско корумптивно размислување за тоа како да се ослободат од трошоците, а со цел да направат нешто коешто го немаме видено во Општина Битола во изминатите 6 до 7 месеци да се направило, пробуваат да се задскријат зад ваквите одлуки коишто одат на штета на граѓаните“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ
Темата со струјата на општините ќе се најаде на седница на ЗЕЛС, каде ќе се расправа за обвинувањата на власта дека општините манипулираат и тврдењата на опозицијата дека градоначаниците се обидуваат сметките за струја да се пониски.












