ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ СООПШТИ ДЕКА НЕ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ И ПОВИКА НА ПРОТЕСТ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поплaднево на прес конференција рече дека никогаш нема да прифатат предлог кој е ултиматум и диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија.

Лидерот на опозицијата вели дека предлогот кој е на маса е всушност истиот кој веќе еднаш беше одбиен и оти истиот ги содржи сите бугарски барања.

Мицкоски вели дека одобрувањето на ваква рамка значи или асимилирани и бугаризирани во ЕУ или засекогаш надвор од ЕУ.

„Прифаќањто на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот дикатат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име,не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. Затоа, имаме два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех“,рече Мицкоски.

Коментирајќи го како што рече, модификуваниот француски предлог, Мицкоски рече дека според предлогот, земјава нема да го отвори првиот кластер „фундаменти“ се додека не се случат уставните измени на кои се повикуваат заклучоците од Европскиот совет.

Тој повика на сенароден протест пред Владата утре во 19 часот.