ВМРО-ДПМНЕ преку проектот „Твојата идеја за промени” им нуди можност на граѓаните да ги предложат своите идеи и проекти кои би сакале да се реализираат, се со цел заеднички да се планира развојот на општините.
Во следните два викенди, на 3-ти и 4-ти декември, како и на 10-ти и 11-ти декември, од 11 до 14 часот, граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за буџетска 2023 година.
На сите граѓани ќе им бидат презентирани и плановите и проектите кои веќе се испланирани за следната буџетска година од страна на градоначалниците.
Воедно, граѓаните ќе можат и по електронски пат на веб страната http://budzet.mk да ги достават своите предлози кои подоцна ќе бидат разгледани од стручни и професионални лица.
Со ова, како што велат од партијата се нуди можност на сите граѓаните да учествуваат во креираат на проекти финасирани од општинските народни пари и да се зајакне учеството на граѓаните во локалните политики.












