Минимални температури: 2 степени во Попова Шапка, -1 Маврови Анови, Лазарополе, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Дебар, 4 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип, Виница, 6 Кавадарци, 7 Струмица и 8 степени во Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)4 Битола, Пожаране, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Тетово, Претор, Гевгелија, Крушево, 2 Прилеп, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, Берово, Пожаране, Лазарополе.
Висина на снежна покривка во 07 часот (во cm) 40 Попова Шапка, 37 Маврови Анови, 18 Крушево, 5 Лазарополе.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.
Времето денеска претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Битола врнежливо време со температури од 4 до 6 степени.












