Утрово -2 степена во Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Берово, -1 Тетово, Битола, Штип, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Дебар, Маврови Анови, 1 Крива Паланка, Охрид, Попова Шапка 2 Претор, Крушево, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, 8 Дојран, 10 Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Дуваше слаб променлив ветер. Изутринава е сончево, во северните и североисточните делови од земјата со мала до умерена облачност. По одделни котлини има појава на слаба магла.
Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени. Во Битола до 13 степени.












