Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Максималните дневни температури од 23 до 36 степени. Во Битола 31 степен.
Следува период на постабилно време и ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.











