Просечната месечна исплатена бруто-плата во јули 2026 година изнесува 72.935 денари, односно околу 1.185 евра. Но, ова не е износот што просечниот работник го добива на сметка. Станува збор за бруто-плата, пред одбивањата за данок и придонеси. Оттука прашањето е зошто граѓаните се жалат на скапотија!?
Државниот завод за статистка деновиве објави дека просечната исплатена плата во јули 2026 година изнесувала 72. 935 денари. Но, тоа не е износото којшто просечниот работник го носи дома. Просечната нето-плата во истиот месец изнесува 48.499 денари.
Па така, во однос на јули минатата година, просечната бруто-плата е зголемена за 7,1 отсто, но реалниот раст е 3,6 отсто. Со други зборови, растот на платите, коригиран за промената на цените, е значително помал. И , интересно е зошто битолчани во скопје сметаат дека таму луѓето се повеќе платени.
Последниот официјален годишен податок на ДЗС покажува дека во 2024 година просечната нето-плата во Пелагонискиот регион била 38.657 денари, додека националниот просек бил 41.239 денари. Разликата е 2.582 денари месечно, односно просечната нето-плата во Пелагонија била 6,3 отсто пониска од националниот просек.
Ова е податок за целиот Пелагониски регион и не може директно да се претстави како просечна плата само за Битола. Но сепак, 2,5 илјади денари е бензинот што битолчани го трошат за да стигнат до престолнината.
Интересна е и споредбата со индустриската зона Жабени. Според објавените податоци за 2025 година, просечната нето-плата во компаниите во зоната била 49.034 денари. Тоа е повеќе од регионалниот просек за 2024 година. Но, сугерираат експертите, станува збор за различни години и различен опфат, па бројките не треба директно да се изедначуваат.
Оттука, зад големата национална бројка од 72.935 денари бруто стои посложена слика. Платите растат, но не со исто темпо како што расте номиналниот износ, а регионалниот пелагониски просек останува под националниот.
Оттука , пожалувањата на гражаните и токму затоа прашањето колку од регистрираниот раст на платите останува во џебот на граѓаните и обичното прашање колку и што може да се купи со платата.











