ТЕРА

REKLAMA???

ВО „ДИРЕКТНО“ НА ТЕРА СО БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

Започна циклусот емисии на политичкиот магазин „Директно“ на Тера телевизија. Ќе се емитува секој понеделник, среда и петок од 20:00 часот.

Вечерва во емисијата интервју со Бисера Костадиновска-Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура.

Разговараме за времето од темата со скафандерот, за нападите кои заради тоа ги добивала, но  вели дека дека јавниот интерес бил многу повисок од партискиот или личниот.

Важноста на Преспанскиот договор, членството во НАТО, преговорите со Бугарија, се дел од ова интервју.

Ја прашавме и зошто граѓаните да гласаат за нивниот кандидат за претседател на Македонија, а и за проектот „Парк“ и велосипедскиот патеки, кои во Советот на Битола ја отворија темата во која партиите се обвинуваа меѓусебе за наводен раскол во локалните организации во битката за места на листата за пратеници.

Реконструкцијата на „Партизан“ и предлогот за медицински факултет во Битола се исто така тема во ова интервју.