Секој први април во светот се одбележува денот на шегата, кога сите се натпреваруваме кој колку повеќе луѓе да излаже или да се пошегува со некого. На 1 април кај нас традиционално децата одат маскирани во градинка или на училиште, а со веселите маски шетаат и по Широк Сокак.
Во пресрет на Денот на шегата, ви пренесуваме дел од веселата атмосфера која денес ја регистриравме во основното училиште „Даме Груев“ во Битола.












