Рестартирање на работата на Локалниот економско-социјален совет на Општина Ресен.

Се случи денеска, а тоа ќе овозможи дијалог на членовите на овој совет со заедницата, односно со сите засегнати страни, да се генерираат идеи и да се направи приоритетна листа на проблемите и потребите на локално ниво, кои се планира да бидат вклучени во програмата за работа на Локалниот економско-социјален совет на Општина Ресен за 2022 година.

Верификација на мандатите на членовите на седницата на овој совет, формулирање на приоритетите, како и презентација од групната работа, дискусија и подготовка на листата на приоритети.

Согласно законските прописи за работни односи во функција се и треба да бидат социјалниот дијалог на бипартитно или трипартитно ниво. Во првиот случај дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, а вториот случај на државно ниво и владини претставници.

Младинскиот културен центар-Битола во соработка со Општина Ресен беа организатори на Форумот за утврдување на приоритетите за работа.

Настанот се организира во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ на МКЦ Битола, поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.












