Вработувања и спонзорства за реконструкција се главните предизвици со кои битолскиот народен театар ќе се занимава годинава. Иако за уметничката програма се издвоени пари според исклучителниот успех постигнат лани, државата не предвидела ниту нови вработувања ни пари за одржување на објектот.

Битолскиот театар со помош од владата го затвори долгот од 65 илјади евра, но, во 20206 година ќе се соочи со нов проблем. Иако во текот на 2025 година покажа исклучителен успех, доби делегиран буџет, парите со кои ќе располага годинава се доволни само за уметничката продукција и платите на вработените. Но, за одржување, или евентуална реконструкција, како и за вработување на нови актери и сценски работници, Министерството за култура и туризам не е за пофалба.
„Првин, ние имаме 5мина кои се на договор на дело, бидејжи за жал, надвор од сите институции за култура коишто добиле барем по 2-3-4 вработувања битолскиот театар до овој момент има нула ( вработувања). За да претставите можеме да ги одржиме во живот нам ни требаат сценски техничари. Јас сценските техничари морам да ги ангажирам од месец-за-месец, бидејќи ако тие не се ние имаме само тројца луѓе. Бевме 92 пред доаѓањето на СДСМ на власт, сега сме 68 вработени. 24 помалку, ниту еднаш никој не побарал од Министерство за да тие луѓе кои ги нема … починаа тројца великани актери , ние немаме ниту еден актер, починаа тројца сценски работници , четворица се пензионираа, од 12 сега сме на тројца. Имаме еден светло мајстор и еден осветлител. Не дај Боже, некој да настине, ние не можеме да го одржиме репертоарот.“ – вели директорот Mавровски.

2-3 илјади квадрати се само на Народен театар Битола од објектот познат како Домот на културата, а од министерството за одржуавње се доделени 150 илјади денари, доволно само за 40 сијалици. Реконструирањето е потребно на цел објект – театарот сосе центарот за култура, а тоа, според физибилити студија на министерството од претходно, би чинело скоро 900 милиони денари, пари кои никој не верува дека македонската владат некогаш ќе ги има.
„Кога се прави набавка за сијалици во фоајето, таму имаме околу 220 светлосни тела. Гледате дека вооопшто не е вложено во делот на седишта, сцена, го покриваме подот којшто веќе го имаме ама е во фаза на распаѓање, тука на сцената постојано тече вода, кога имаме дождови сцената се крева, па ставаме тежина за да се исуши и да се спушти, имаме тоалети коишто се 45 години стари . Инвестирано е еден период во гримиорни, но, се обидуваме состојбата да не биде катастрофална. “ – објаснување директорот Мавровски на прес конференција.
Посветената работа на сите во театарот во продукцијата во 2025 година ја врати театарската публика на старите столици и, тоа е светлиот момент на театаров. Заработиле 2,7 миклиони денари од продажба на влезници, што Мавровски вели е показател дека иако десеткувани, се на добар пат.

„Сега е наше да продуцираме, да се зголеми бројот на продажба на влезници и сите тие средства да започнеме да ги инвестираме не станува збор за милионски суми, промена на подот – ние направивме пресметка чини некаде околу 600 илјади денари , тоа се 10 илјади евра. Тоа не се средства коишто се невозможни да се направат , но пак ќе кажам , не е само тоа. “- вели Мавровски.
За уметничката продукција на битолскиот театар се доделени 6.458 илјади денари , за 9 театарски претстави, три гостувања , Шекспир фестивал и ко-продукциски претстави за кои сепак Министерството не дало ниту денар – за проектите на Софија Ристевска и Јулијана Мирчевска. Со пари од владата се реконстурира и поранешното кино Партизан, но, според досега кажаното, за менаџерскиот тим на БНТ 2026 година ќе биде вистински менаџерски предизвик.

















