ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНИОТ БРАН НЕПОВОЛЕН ЗА ОВОШНИТЕ НАСАДИ

Неделата ја започнавме со облачно време проследено со врнежи од дожд, кои според прогназата од синооптичарите попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат поројни и обилни со (над 30 л/м2). Во Битола денеска со максимална дневна температура од 8 степени. Утринските температури се очекува од среда до петок да се спуштат под нулата. 

„Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула“, изјави Јована Тасевска, дежурен синоптичар од УХМР.

И агрометеоролозите студениот бран го оценуваат како неповолен. Во најкритична фаза се овошките. 

„Овошките се наоѓаат во фаза на прецветување или пак во фаза на формирање на плод. Пораните сорти, коскестите видови на овошје мислам дека имаат формирано и плод, а тоа е фаза кога и температури од -1, до -2 степени можат да причинат и штети. Не се само причина и температурите битна е експозицијата на теренот. Сепак ваквите температури нема да направат катастрофални штети со целосно уништување на посевот или на овоштарникот од причини што битно е и тоа колку толку тие ќе се задржат над површината. Ако се задржат пократко штетите ќе бидат помали, ако се задржат подолго време или ако се повторат во наредниот ден штетите можат да бидат и поголеми. Во секој случај рачунаме дека ќе има и проретчување на родот доколку се остварат овие прогнози, но самото проретчување на родот, од друга страна имаме покрупни плодов, погледнати на целокупното производство мислам дека може да се добие и истиот принос, со помалку плодови, но покрупни“, изјави Ангелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР.

Што се однесува пак до раноградинарските култури во најголем дел се во затворени и контролирани простори, односно се под пластреници или под орамнжерии така што тие ваквите температури не би ги осетиле, односно ваквите температури нема да предизвикаат штети на раноградинарските култури. Единствено тутунскиот расад кој во моментот е во фаза на никнење и е лесно заштитен со фолија од горната страна може да има некакви оштетувања, сметаат агрометеоролозите.