Втор ден по ред, пред зградата на Владата во Скопје протрест против францускиот предлог за преговарачката рамка за преговорите со ЕУ.

Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Денеска и раководството на партијата беше меѓу граѓаните на овој протест.

И вечерва учесниците упатуваат пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува. Протестот е насловен „Ултиматум – не благодарам“.












