Вчера во Битола беа измерени максимални 20 степени.
Времето денеска сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.
Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Утринската во Битола до 1, а дневната до 17 степени.












