Ова е објектот кој во иднина треба да биде затворен пливачки училишен базен во Битола. Локацијата е во дворот на ОУ „Даме Груеев.
Средината на септември месец директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски во изјава за Тера телевизија рече дека очекувањата се базенот да биде готов до февруари-март следната година.
Овој објект ќе биде предаден на управување на Општина Битола.
Дека Општина Битола ќе добие затворен базен, на 1 февруари 2019 година најави Илиевски и тогаш советник во битолскито совет.
Потоа тогашниот директор на Aгенцијата за млaди и спорт Дарко Каевски една година подоцна од Илиевски дојде и кажа дека за 18 месеци ќе биде готов. Неколу месеци подоцна Каевски повторно во Битола, тогаш заедно со тогашната градоначалничка Петровска беа во посета на локацијата каде веќе имаше градежни работи за изгрдба на базенот.
Премиерот Димитар Ковачевски кој вчера присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот пливачки базен во Струга, рече дека и во Битола следната година ќе биде готов затворениот пливачки базен.
„Во следниот период нови шест општини ќе добијат затворени пливачки базени. Во тек е изградбата на базените во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кичево, Битола, Карпош и Штип, чијашто изградба треба да заврши во текот на 2024 година. Во наредните две години базени ќе добијат и Струмица и Кавадарци, додека новиот базен во Тетово е завршен и предаден на Општината.
Вредноста на базените поединечно изнесува околу 48 милиони денари или над 780 илјади евра.












