ТЕРА

REKLAMA???

ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЗГРАДА

Битолската противпожарна единица моментално располага со 13 возила, во исправна состојба, и со 42 пожарникари со редовен работен статус. Просечно на годишно ниво имааат околу 700-800 интервенции, вели командирот на ТППЕ во Битола Горан Димкоски. 

„Во февруари имавме голем број на интервенции, заради повисоките температури, и тогаш работата наша се зголеми. Просечно на годишно ниво имаме околу 700-800 интервенции. Оваа опрема ни беше неопходна и ја добиваме во вистински момент, бидејќи често се случуваше да се снаоѓаме“, изјави командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола Горан Димковски.

Пред два дена пожарникарите добија нова опрема која се состоеше од 32 комплети интервенти заштитни одела, чизми, ракавици, шлемови за интервенции во урбаните средини. Инаку локална самоуправа ќе гради нов објект на Територијалната противпожарна единица во делот на Касарната. Проектот е изготвен и предвидува 12 фази рече градоначалникот Коњановски. 

„Како локална самоуправа, насочени сме и кон создавање на соодветни услови за работа на противпожарната единица, преку изградба на нов Противпожарен Дом во АРМ со површина на градбата од 1495 метри квадратни. Основниот проект е изготвен и истиот предвидува содржина по правилник од 12 фази, меѓу кои се фазите: архитектура, градежно конструктивен проект, водовод и канализација, машински инсталации, електротехнички проект, сообраќаен проект, партерно уредување, како и соодветните елаборати кои се однесуваат на оваа градба, а се предвидени со законската регулатива. Во моментот, проектот е во фаза на ревизија, а за досегашната постапка на изработка на основниот проект, општината согласно склучениот договор и програмата за економски развој, од општинскиот буџет издвои 1.298.500 денари. Со развојната програма на општина Битола, за изведба на терен, предвидени се 30.750.000 денари.

Изградбата на новата противпожарна зграда е еден од капиталните проекти кои ги планиравме со нашата програма и веќе работиме на реализација на истиот“, рече Коњановски.