ТЕРА

REKLAMA???

ГУТЕРЕШ ВО ПОСЕТА НА КИЕВ

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска пристигна во Киев со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен минатото лето, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи.

Договорот, склучен на 22 јули минатата година под покровителство на ОН и Турција, овозможува извоз на жито од украинските пристаништа кои беа блокирани поради непријателствата и истекуваа на 19 март.

Досега се извезени речиси 20 милиони тони жито. Со цел да се обезбеди продолжување на Црноморската иницијатива за жито, Гутереш денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: Архива