Сопствениците на возила се должни во овластеното правно лице за вршење технички преглед, веднаш по промената , а најдоцна во рок од три дена да ги ажурира подаатоците за сооственикот на моторното возило кои се однесуваат на телефонскикот број од мобилен телефон и електронска адреса.
Вака гласи една од предложените измени на Законот за возила поднесена во македонското собрание од група пратеници на почетокот на овој месец.
Предлогот ја има идејата за побрза и точна комуникација со сопствениците на возилата, но неколку формулации се необични и ја наметнуваат размислата.
Неопходна е точната комуникација со сопствениците на возилата и поради „Безбеден град“ кадешто пораките за прекршоците се испраќаатг по СМС пораки , и поради важечките измени во Кривичниот законик за одземање на возилото доколку се управува со забрана за возење или без возачка.
Но , необичниот дел е предлогот промените на контактите да се прават во рок од три дена и тоа кај фирмите кои ги регистрираат возилата. И тие и сега ги ажурираат контактите на сопствениците , но еднаш годишно при регистрација.
Предлогот не прецизира зошто промената треба да се направи во рок од три дена, а не про следната регистрација, зошто нема електронска можност за регистрација на промената што го отвора прашањето дали сопствениците мора лично тоа да го направат со физичко присуство во станицата за технички преглед, ниту пак кој ќе има пристао до овие податоци и за кои цели ќе ги користи.
Предлогот сепак содржи предвидени казни : 100 евра глоба за физички лица ако не ја испочитуваат одредбата, од 50 до максимални 10.000 евра за правни лица при што 50те евра се однесуваат на микропретпријатија, а 10.000 евра за големи трговци плус 500 евра глоба за одговорното лице во правното лице.
Ова е само една од предложените измени за кои Собранието сеуште нема расправано, а јавноста ја прераскажува. Притоа ставовите се поделени: едни тврдат дека измената е добра и дека е важно државата да ги има актуелните податоци на сопствениците на возила и за примена на другите закони, а други пак сметатат дека на овој начин ќе се остави простор за нова казна која полицијата ќе може да ја наметне врз возачите.











