ТЕРА

REKLAMA???

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола одржа тематска вечер посветена на борбата против насилството врз жените и девојчињата

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените и девојчињата“, синоќа во Битола се одржа тематски настан под мотото „Невидливи рани, силни гласови“. Настанот, кој беше посветен на женското достоинство и слобода, го организираа Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Унијата на жени и Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

На вечерта присуствуваа претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Горан Исков, членката на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Љупка Стефановска, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Наташа Марковска, како и други партиски функционери, советници, членови и симпатизери.

Настанот помина во емотивна атмосфера со отворени пораки, при што акцентот беше ставен на реалноста со која се соочуваат многу жени, молкот, стравот и болката, но и патот кон ослободувањето и гласното говорење против неправдата. Преку внимателно одбрани стихови, присутните ја испратија пораката дека достоинството е вредност што никој не смее да ја одземе, а слободата е основно право кое го заслужува секој човек.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола истакнаа дека силата на заедништвото е клучна во надминувањето на овој општествен проблем.

„Комисијата за социјална политика, демографија и млади при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, заедно со младите и жените, останува цврсто посветена на поддршката на ранливите категории граѓани и на континуирано градење култура на почит, разбирање и нулта толеранција кон насилството“, порачаа организаторите.