Министерката за образование, Весна Јанеска се огласи за анектата спроведена со цел да се испита расположението на основиците и средношколците за воведување на пролетен распуст во календарот за следната година.
Методот спроведен во акција од страна на Министерство за образваени е одличен, поради тоа што не само што се истакнува слободата на глас, туку и и се става посебен акцент на демократијата. Јавноста има право да си го искаже мислењето затоа што живееме во демкоратско општество каде што гласот на граѓаните и тоа како е значаен при носењето на одлуки на глобално ниво. Ова е еден демократски пример на кој треба да му се даде значење за понатамошната работа не само на министерството за образование, туку и на останатите надлежни експерти и професионалци на високите функции.
За тоа дали ќе има пролетен распуст ќе одлучат одгворите дадени на анкетата со што нема да се прават детални анализи, туку едноставно ќе се испита размислувањето и желбата на учениците.
Анкетата содржи две прашања кои одговараат на лицето кое го пополнува прашалникот и дали учениците се согласни да се воведе пролетен распуст во учевната 2024/25 година. Учествувањето во овој анкетен прашалник е анонимно, а едно лице има право повеќепати да си го даде своето мислење, со што таа на овој начин може да биде злоупотребена и едно лице да го искаже своето мислење повеќепати.
40.000 од досегашните испитаници одговориле дека не сакаат пролетен распуст догодина.
,,Ќе се направи анализа. Имаме две можности да е родител или наставник и да е ученик. Секаде каде што ќе има повеќе од три одговори, ние ќе ги тргнеме настрана” – изјави министерката за образование Весна Јанеска.
Анкетата е лесно пристаплива и на неа можат да гласа секој. Родителите, учениците и наставниците до понеделник можат да го кажат својот став во односно дали сакаат годината да заврши на 10-ти, или на 13-ти јуни. Пред да биде усвоена конечната одлука МОН обезбеди и механизми кои ќе ја контролираат секоја злоупотреба на анкетата.












