ТЕРА

REKLAMA???

ДВА ДО ТРИ МЕСЕЦИ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА ТОПЛИФИКАЦИОНАТА МРЕЖА НА ПАРТИЗАНСКА

ЕСМ топлификација во моментов работи на крстосницата кај новата болница во Нова Битола. Градежните работи од кружниот тек кај Веро се изведуваат на улицата „Партизанска“.

Сообраќајот овде се регулира со семафори, но евидентни се долгите колони возила од двете страни кои чекаат на црвениот семафор, а со тоа и нервозата кај учесниците во сообраќајот.

Од ЕСМ топификација велат дека вакво е регулирањето на сообраќајот, според одобреното сообраќајно решение, како и за другите локации каде што работи топлификација на поставување на топловодната мрежа.

Овој дел е малку критичен од аспект додека не се стигне до улицата која оди кон Лавци и да се случи спојувањето на двата крака едниот кој слегува надолу и другиот кој се движи по Партизанска нагоре гледано од Музејот.

Очекувањата се дека сето ова ќе се изведува во наредните неколу месеци, односно дека ќе се работи во следните три месеци.

Засега нема активности на другата страна од градот, односно десната страна гледано од Дулие, каде топловодната мрежа стигна некаде до некогашната стоковна куќа Јавор и работите беа прекинати заради летната туристичка сезона, односно избегнување на голема сообраќајна гужва.