Утрово 4 степени во Берово, 5 Маврови Анови, 6 Попова Шапка, Лазарополе, Претор, 7 Тетово, Крива Паланка, Битола, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија, 9 Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Дебар, Куманово, Кавадарци, Штип, Велес, 12 Демир Капија, Виница.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 25 степени.












