ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ДО 18 ЧАСОТ ЗАБРАНЕТО ПАРКИРАЊЕ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ НА БУЛЕВАРОТ 1 МАЈ

Денеска на „Булевар 1-ви мај” на зоните Б1 и Б2 на потегот од м.в „Црн мост” до Безистенот, СВР Битола организира посебен сообраќаен режим при што паркирањето нема да биде дозволено во периодот од 06.00 до 18.00 часот.

Истото се спроведува заради потребите на протокол на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на нашата Општина, стои во инфорамацијата од полицијата.

И јавното претпријатие „Паркинзи“ информираше за ваквиот режим во текот на денешниот ден, потенцирајќи дека забраната за паркирање е од двете страни на Булеварот во наведената локација и време.