ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА Е БАДНИК

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик.

Под слоганот „Почувствувај радост“ и оваа година во повеќе градови низ земјава ќе се одржат Бадниковите поворки.

Се пее песната Вечниот бог, во Битола од кај Офицерскиот дом во 11:00 часот ќе тргне поворката преку Широк Сокак до храмот „Св. Великомаченик Димитриј“.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Семејството на Бадник се собира на заедничка посна трпеза и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Во сите храмови утрото по Бадник се служи празнична Божикна литургија.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.