Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 152 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг за еден час.
По повод денешниот празник, верници ги посетија манастирите Св.Атанасиј кај Смолево и Дихово.












