Денеска сончево и топло време

0
295

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели особено на север и на запад ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните од 9 до 16,  а максималните од 25 до 32 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Во понеделник ќе има повеќе услови за краткотраен дожд особено на северот и западот од земјата. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе е претежно северен.