ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СО ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час).

Дневните температури од 20 до 31, во Битола до 26 степени.

Утре претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање.

Од недела следува стабилно и малку потопло време.