ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА 14, УТРЕ ВО БИТОЛА ДО 15 СТЕПЕНИ

Ова се денешните максилни температури. 6 степени на Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Крушево, Охрид, 13 Берово, 14 Маврови Анови,  Претор, Битола, Прилеп, 15 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 16 Тетово, Виница, Демир Капија, 17 Скопје-Петровец, Штип, 18 Велес, Кавадарци, 19 Гевгелија, 20 Струмица.

Времето денеска беше сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утре сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од  -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Битола до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.