ТЕРА

REKLAMA???

ДИК ГИ ПОТВРДИ ЛИСТИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ – 504 КАНДИДИРАНИ БИТОЛЧАНИ

Државната изборна комиција ги потврди листите на кандидати за градоначалници и листите за советници и носителите на листите за советници на локалните избори кои ќе се одржат на 16 октомври. Имињата на вкупно 504 битолчани се најдоа на листите, 8 кандидати за градоначалник, 496 кандидати за советници на вкупно 16 листи. Четири кандидати се предложени од политички партии и коалиции, а четири кандидати се предложени од група изборали, односно независни кандидати.

Во пресрет на локалните избори, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, потврди дека склучиле рамковна спогодба во висина од околу 48 милиони денари (околу 800 илјади евра) за „изработка и печатење на доверлив и недоверлив изборен материјал и избирачки список“.

„Рамковната спогодба е до 48 милиони денари. Меѓутоа, тоа зависи од тоа во колку општини ќе има втор круг и во зависност од таквите трошоци, ќе се димензионира. Проектирано е како секаде да ќе има втор круг, но претпоставуваме дека тоа не е логично, така што, овие трошоци би биле нешто пониски од проектираното и би се движеле негде во рамките на минатите изборни циклуси, можеби и малку помалку од тоа“, вели Кондарко.

Вкупниот буџет на ДИК за изборите е околу 10 милиони евра.

Кондарко вели дека повеќе од две третини од овие пари се предвидени за платено политичко рекламирање, а помалку од една третина е за сите други изборни дејствија.

Согледувајќи го бројот на пријавени кандидати на национално ниво, тој вели дека нема значително зголемување на бројот на независни кандидатури за локалните избори и покрај кандидирањето со само два потписа.