Септември 2025 година ќе остане запаметен по одбележувањето на 40 годишнината од основаењето на навивачката група „Чкембари“. Низа на активности низ градот и ги мобилизираа сите битолчани со поддршка кон нив, а на туристите и гостите во градот во ова време им ја покажаа битолската развиена спортска и навивачка култура.

Септември е месецот на навивачката група „Чкембари“ во градот. Битолските навивачи кои се срцето на клубовите што го носат името Пелистер. Знаат да создадат застрашувачка атмосфера за гостинските потивници, но редовно прават атмосфера на инспирација за кошаркарскиоте, ракометниот и фудбалскиот клуб „Пелистер“. Деновиве со низа на активности го претставија својот непоколеблив локал-патриотизам и го дефинираа битолскиот идентитет. Организацијата се подготвуваше подолго време за оваа прослава, вели Коки, члена на навивачката група кој вели, претставете ме како Чкембар. Сега имаат неколку видови навивачки шалови, приврзоци и навивачки реквизити. Но, Чкембарите ја покажаа и својата општетствена одговорност. 800 школски тетратки напечатија со мотиви на „Чкембарите“ и ги донираа на ученици во сите основни училишта во градот.

Најатратрактивни секако се баклијадите кои се реализираат, а годинава ги имаше повеќе. Редици битолчани најпрвин беа изненадени, а потоа со поддршка, ја прифатија манифестираната лојалност на сите што се дел од навивачката група. Оваа година ја означија реката Драгор во зелено и бело.

Низ 40те години Чкембарите имаат тажни и среќни моменти,а тие редовно се директно во зависност од спортските резултати, вели Коки, кој припаѓа на, како што вели средната генерација битолски навивачи.
Одбележувањето сеуште не е завршено, следува фудбалското одбележување на 40те години. Ново изненадување ќе приредат членовите на навивачката организација на 5 октомври кога ФК Пелистер ќе игра со ФК Шкендија.

Коки изрази и благодарност до сите јавни комунални претрпијатија кои заедно со општината, полицијата и територијалната против пожарна единица им помагаат големото празнување на годишнината да измине и продолжува толку величенствено.












