Последната информација која што ја имам во врска со вакцинацијата со морбили е задоволувачка, рече министерот за здравство Беким Сали при последната посета на Битола.
„Можеби не е на нивото на кое ние посакуваме, затоа што знаете ние со УНИЦЕФ пред два месеци презедовме заедничка акција и заедно промовиравме почнување со вакцинација каја мали деца за заштита од морбили. Динамиката е задоволувачка, имајќи во предвод дека општо во нашата популација има некоја стигматизација. Не ја знаеме основната причина зошто нема интерес за заштита на населението, работиме во насока на подигање на свеста и прифаќање на вакцините, затоа што последните генерации на вакцини се многу поквалитетни од тие пред 30 до 40 години, така што нема никаков основ родител којшто самиот е заштитен да не прифати неговото дете да не биде заштитено“, рече министерот Сали.












