ТЕРА

REKLAMA???

ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ПОБАРАА ПРОМЕНА НА МОДЕЛОТ ЗА НАБАВКА НА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕТРИ

Сојузот на здруженија на дијабетичари до надлежните органи испратија предлог бараање да се укине тендерското набавување на глукометри и ленти за мерење на шеќер и тие да се набавуваат по референтна цена. Освен тоа да ги има во сите аптеки во државата, а не само во специјалните инсулински. Ова е практика во сите балкански и светски земји, вели Душанка Атанасовска од Здружението на лица со дијабет од Битола. Дневното мерење на шеќерот за овие лица е многу важно.

„Пред секој оброк лицата треба да си мерат гликемија за да знаат колку им е моменталната состојба, за да знаат врз основа на пресметките на оброкот што ќе го земат, пресметките на шеќерните единици што треба да ги примат, да дозираат инсулин. Ако немаат со што да мерат, нема да знаат колку инсулин треба да си стават и на тој начин доаѓаат и проблеми, а може да се доведат и до состојба на коматозни состојби итн.“ вели Атанасовска.

Предлогот содржи и предлог за интегрирање на досега стекнатото право за бесплатно користење на овие дијагностички алатки за дијабетичарите, но со одредена граница – пациентите да може бесплатно да ги добиваат до определена количина, а тие кои пак сами избираат да добијат некои високотехнолошки и софистициран глукомер да може да си доплатат. Со досешното тендерско набавување, доколку ги нема во специјалните инсулински аптеки, лентите и глукомерите стануваат трошок и може да го чини едно семејство со болен од дијабет и до 100 евра месечно само за оваа потеба.

„Се купуваат ленти и тие одат во пакување 50 или 100, најчесто 100 и со нив следува бесплатен глукометар. Тие ленти се доволни за некој со дијабет тип2. Најефтиното е околу 1.200 денари ( за 100 ленти) , а најскапите се околу 2.000 денари и тие се попрепорачливи за тип 1 дијабет затоа што се многу презицни, а прецизноста им треба на лицата или децата со дијабет тип 1 . Доколку нема ленти луѓето си купуваат од било која аптека. А ние во текот на годината успеавме , како Сојуз, како здруженија, да најдеме донација од фирми коишто ги снабдуваат аптеките со гликометри , всушност фирмите ни ги дадоа како донација и ние ги дадовме на тие коишто ги знаевме како членови, сметавме дека се и како социјални случаи , колку што можевме помогнавме“ вели таа.

И иако е значајно за сите дијагностицирани, попотребно е за лицата со дијабет тип 1, кои во Битола ги има околу 100. Со предлогот се внимава и на лицата со дијагностициран дијабет тип 2, кои сепак може својата здравствена состојба да ја контролират со стилот на живот – исхрана или физички активности. На ваков чекор се решија по минатогодишното лошо искуство – минатогодишните промени на министрите за здравство резултираа со ненавремено купување на глукометрите од државата и ставање во неизвесност на пациентите со дијабет.

„Сите се извлекуваа, заради едниот министер, заради другиот итн. Се тоа ја комплицираше работата и заради тоа се доцнеше. Зошто, што, како,  не знам важно се заврши, цела година ние немавме глукометри, ленти и игли за инсулинот.“  се потсети Душанка Атанасовска од Здружението на лица со дијабет од Битола.

Предлогот треба да ги помине сите институции поврзани со здравственото и социјалното осигурување во државата, министерство, Фонд за здравство, да помине на влада и на крај да има своја парламентарна завршница.