ТЕРА

REKLAMA???

ДОБИЛЕ ПАРИ ЗА 16 ПРОЕКТИ, НО ОПШТИНАТА НЕ ГИ ОБЈАВИ СУМИТЕ ЗА СЕКОЈ ПРОЕКТ ОДДЕЛНО

Владата на Општина Битола и ги одобрила сите 16 апликации со кои се јави на повикот за средства за инфраструктурни проекти. Вкупната одобрена сума е 230 милиони денари, а вкупната проектирана вредност за аплицираните проекти е 275 милиони и 990 илјади денари. Тоа значи дека за овие проекти општината ќе треба да кофинансира, односно да ја обезбеди разликата од својот буџет.

–    Реконструкција на улично осветлување на улица СТУ 3
–    Реконструкција на коловоз на локален пат за с.Буково
–    Реконструкција на коловоз на локален пат Трново – Магарево (последна фаза до граница со НП Пелистер)
–    Изградба на коловоз на улици од ДУП за БЛР 4 и дел од ДУП БЛР 4 блок 2 (улици 150,170,210)
–    Изградба на инфраструктура на улица СТУ 3 АРМ четврт 1
–    Реконструкција на коловоз на улица Панде Кајзеро
–    Реконструкција на коловоз на Булевар 1 Мај – јужна страна на река Драгор, од спој со улица Добривоје Радосвљевиќ со спој од улица Свети Наум
–    Реконструкција на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“, „Козара“ и „Чеде Филиповски“
–    Улично осветлување на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“,
–    Реконструкција на водоводна линија на патот Битола – село Поешево – село Логоварди
–    Изградба на фекална канализација и атмосферска канализациона мрежа на улици од ДУП за БЛР 4 дел и ДУП БЛР 4 дел блок 2 (улици 150,170, 210)
–    Реконструкција на канализација на улица „Панде Кајзеро“
–    Изградба на канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1 (фекална и атмосферска со приклучоци)
–    Реконструкција на фасада – изведба на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Стив Наумов“
–    Изградба на центар за спорт и рекреативни активности
–    Санација на Јужна трибина од фудбалски стадион „Петар Милошевски“.

Општината вели дека ваквата поддршка е од огромно значење за комплетно подобрување на дел од инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба.

Општината во својата информација не ги има наведено точните суми за секој проект, а ден претходно заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски ја објави листата на добиени проекти за Општина Битола со сумите за секој проект пооделно.

Во четвртокот премиерот Мицкоски рече дека очекува следната недела да бидат потпишани договорите и да започне реализацијата на овие проекти.