Во основното училиште со ресурсен центат „Кочо Рацин“ Битола, опремена е монтесори соба со најсовремена опрема која ќе им биде од голема помош на наставните кои работат со децата со попречености во оваа установа. Оваа монтесори соба е донација од Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола како дел од проектот „Обединети во различностите“ со финансиска помош од МНР на Бугарија во рамките на програмата за помош и развој. Сумата која е издвоена изнесува 21.000 евра.
-Пред повеќе од една година заедно со амбасадорот ангелов бевме во посета на училиштето и тогаш ми остави голем впечаток ентузијазмот и желбата на професорите кои работат со тие деца. Децата направија и театарска претстава, тоа ми остана мене во сеќавање и затоа јас немав ништо зошто да откажам, напротив сознанието дека ќе направиме нешто многу убаво, помогнавме да се случи денес оваа соба да е готова. Како контрапункт на тоа што го зборував досега, ќе го споделам фактот дека пред два дена се случи нешто непријатно во Битола, за кое сите знаеме, и со оглед на тоа што сме во место со деца би сакал да кажам нешто поврзано со приказните. Приказните секогаш завршуваат така што доброто го победува злото, и така треба да биде, изјави Димитар Иванов, генерален конзул на Бугарија во Битола.
Од здружението велат дека и оваа како и претходната година реализираат проекти насочени кон младите и образованието. Целта на проектот „Обединети во различностите“ е да им се помогне на децата од „Кочо Рацин“ да имаат подобро образование, да бидат прифатени онакви какви што се. Монтесори собата е опремена со три вида опрема: практична, сензорна и образовна.
-Го консултиравме персоналот на училиштето кој ни кажа од што имаат најмногу потреба, сите тие материјали кои ќе им бидат потребни за најдобро да го извршуваат самиот процес на образование, што конкретно треба да се набави и сето тоа во рпектот е вклучена и обука на двете професорки за да можат да ја извршуваат наставата во таа монтесори соба. Секако нашите проекти нема да застанат тука, секоја година даваме свој придонес за развој на младите во Битола и регионот кој е под генералниот конзулат на Република Бугарија, и овој проект е реализиран со помош и финансии од МНР на Бугарија, изјави Маринела Петреска, претседател на здружението.
Од училиштето се заблагодарија за донацијата која ќе биде од големо значење. Монтесори кабинетот ќе почне да се користи од септември и може да ја користат деца од сите возрасти.
-Во консултација со нас се набавија адекватни надгледни средства кои што се најсовремени, од септември успешно ќе функционира, вели Марија Наумовска, дипломиран дефектолог.
-Да се заблагодарам на донаторите кои по втор пат, а се надевам и во иднина тоа ќе го прават, кои ни помагаат за развивање на вештините на учениците, изјави Валентина Стојкоска, директор на училиштето.
Од Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола велат дека вакви проекти треба да бидат приоритет за сите кои ќе придонесат за добрососедство.












