ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО „ПИЈАНО“ ЗА КИЦ БИТОЛА

Бројката на настани на класична музика во КИЦ изминатите две години надминува тристотини концерти. Свечената сала на Офицерскиот дом го оправда епитетот, „најакустична концертна сала во регионот“.

Токму во таа грандиозна бројка која го потврдува културното ниво на Општина Битола, значаен придонес имаат Државното музичко училиште – Битола, ИФКМ„Интерфест“, а со особено задоволство од КИЦ ја истакнуваат соработката со Здружението на пијанисти и музички педагози од Битола, со кои имаа бројни настани кои резултираа со зголемена доверба и нови подвизи.

Во рамките на одличната соработка Здружението даде вредна донација на КИЦ, Електрично пијано. Во таа прилика во името на Здружението се обратија професорките по пијано, раководните лица на здружението,  Марија Шамовска Буџаковски и Јана Четелева Белевска како и директорката на КИЦ Битола, Лили Бошевска.Во присуство на градоначалникот на Општина Битола Д-р. Тони Коњановски, свечено беше предадено на користење електричното пијано на директорката Бошевска. По овој прекрасен повод, концерт одржаа младите пијанисти од Државното Музичко Училиште.

Културно информативниот центар е значајна културна институција во која изминативе години настапија врвни музичари. Оваа донација произлезе како плод на традиционалната соработка со Здружението Пијано, со што нивната врска, соработка и пријателство уште повеќе добива на интензитет кој што е потврден и со Меморандум за соработка.

Културата е моќен потенцијал. Заедно со образованието тие се постулат на едно здраво општество. Затоа, оваа донација како што систакнаа од Здружението, е мал гест од нив, но значајна придобивка за нашиот град, па со ова тое ги охрабруваат сите поддржувачи да пристапат кон чинот на донирање, бидејќи на овој начин оставаме нешто трајно и корисно не само, за нас, туку и за следните генерации.

Во обраќањата од страна на раководните лица од „Пијано“ и директорката на КИЦ, беше истакнато дека донирањето не значи само давање на нешто материјално од страна на едно лице на друго лице, туку тоа е една многу подлабока емоција која со себе носи благодарност, емпатија, почит, разбирање, желба да се направи некој друг среќен.

Ова не е прв пат Здружението „Пијано“ да донира во областа на културата. Изминативе години тие обезбедија средства во вкупна вредност од 2500 евра за реализација на 3 семинари со еминентните пијанисти Рустам Рахмедов од Турција, проф. д-р Кристина Светиева, како и со проф. м-р Дино Имери и сето ова во прилог на младите таленти од Државното музичко училиште. Овој настан е показател на континуитетот на соработка помеѓу институците и здруженијата од областа на културата и образованието и зајакнување на капацитетите на установата за давање уште подобри услови кон младите пијанисти.