Извештајот од надзорот на 26-та седница на Советот на Општина Битола на Државниот инспекторат на министерсвото за локална самоуправа стигна во Општина Битола, а се постапуваше по пријавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, која бараше утврдување на случувањата во Советот.
Во извештајот се вели дека по отворање на расправа по точка 5 од дневниот ред, се дискутира за истата и членовите на Советот од страна на СДСМ ја напуштаат седницата на Советот на Општина битола. По настанатата ситуација, Претседателката на Совет дава пауза од 5 минути и бара координација во 14 часот и 30 минути, по одржување на координацијата со координаторите на советничките групи, истата ја прекинува седницата согласно член 65 заради потреба од дополнителни консултации, член на советот праша кога ќе продолжи седницата за да се информираат членовите на Советот, но Претседателката не одговори и ја прекина седницата.
Понатаму се наведува дека согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Битола, јасно е дефинирано во кои случаи може да се прекине седницата.
Претседателот на Советот ја прекинува Седницата на Советот :
– заради немање на мнозинство потребно за работа ;
– заради нарушување на редот во салата каде се одржува седницата ;
– кога за тоа ќе одлучи Советот по предлог на претседателот, по предлог на Координаторите на осветничките групи, по предлог на 5 члена на Советот или друг предлагач на актот или материјалот, во случај на потреба од дополнителни консултации и во други случаи, кога за тоа ќе се укаже потреба.
Оттука, се вели во извештајот не е испочитуван ниту еден од условите за прекин на седницата.
Претседателката на Советот ја прекинува седницата, без да даде предлог за прекинување врз основа на кој Советот ќе одлучи, а исто така не определува ни време за продолжување на седницата.
Еден од членовите на Совет на Општина Битола, се повикува на член 56 од Деловникот за работа, за да продолжи седницата и бара мислење од одделението за координација на Советот на Општина Битола, дали истата седница може да продолжи како што предлагаат тие како советничка група, со цел истата да се заврши.
Од наодите од извршениот инспекциски надзор, од разговорите со претставниците на општина Битола и од анализата направена врз документацијата која е добиена од претставникот на општината кој учествуваше во овој надзор, во согласност со законските надлежности, инспекторатот информира дека се констатирани неколку неправилности:
– Претседателката на Совет не ги испочитувала одредбите од член 65 од Деловникот за работа на Советот, за прекинување на седницата, односно истата ја прекинала седницата без да одлучи Советот и не е закажано времето за продолжување на истата.
– Од добиените известувања од страна на одговорното лице на општинската администрација за потпишување на актите донесени од страна на Советот на Општина Битола и дека Претседателката на Совет има законска обврска истите да ги потпише и да ги достави до Градоначалникот на Општина Битола,
– Ги потпишува прописите што ги донел советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.
Иако Претседателката на Совет на Општина Битола, електронски била известена за продолжувањето на седницата од службената емаил адреса на 22 април 2023 година (17:22 чесот), дека седницата ќе продолжи на 24 април 2023 година, со почеток во 10:00 часот.
Oд увидот во продолжението на 26-та седница, на ден 24 април се гледа дека Претседателката на Сoвет, не учествува во работата на Советот и со седницата претседава најстариот член на Советот на Општина Битола.
Инспекторатот со неколку задолженија за постапување во рок од 15 дена од приемот на решението, односно успорените прописи да ги стават на седница на Советот на повторно разгледување, донесените акти, кои не се спорни, да се потпишуваат од страна на Претседателот (првите 4 точки) на Советот и претседавачот на седницата и истите да се објавуваат во службеното гласило на општината.












