ТЕРА

REKLAMA???

ДУНАВ СЕ ИЗЛЕА ВО ЦЕНТАРОТ НА БУДИМПЕШТА

Дунав вчера се излеа од своето корито во центарот на Будимпешта. Во текот на денот нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар.

Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата го покрива насипот на долниот кеј во Пешта пред зградата на унгарскиот Парламент, пренесе Индекс.хр.

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата.

Во Будимпешта пикот се очекува в сабота, кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии.