Светот и Европа високо на своите агенди ја имаaт темата екологија. Иако големите сили тешко успеваат да се договорат околу некои работи кои што пак директно влијаат на климатските промени, кај нас оваа тема е присутна. Да не се фрла ѓубре по улици, да не се прават депонии, да се биде одговорен во шумите, парковите, јавите површите и ткн. Велат полесно е да се едуцираат луѓето од мала возраст, отколку некоја навика да се промени кај возрасните. Затоа прашавме кај оние кои што работат вакви теми и проекти со младината, колкава е нивната заинтересираноста.

„Заинтересираноста кај младите во Битола не е баш голема за темата екологија. Зошто? Затоа што тие мислат дека државата треба нешто повеќе да придонесе кон тоа, а не тие. Значи тие не гледаат дека тие треба да бидат примерот и секој треба да се грижи за околината за да не загадуваат, да не фрлаат ѓубре, итн. Тие почнуваат од тоа некој друг да им ги решава проблемите. Зошто? Затоа што мислам дека тие размислуваат на начин дека правилно постапуваат кон природата и дека државата е таа што не им дава доволно канти или не им дава доволно места за рециклирање да делат отпад итн. што мислам дека е погрешно и младите треба што повеќе да се вклучат во некакви акции или здружувања за да можеме да имаме една почиста околина“ вели Милчо Дули, претседател на Сфера интернешнл.
Нив како организација една од темите им е заштитата на природата и околината и се вклучени во различни проекти, со цел да се влијае врз свеста на човекот, особено кај младите. Освен што едуцираат и се пример во својата средина, односно рециклираат.
„Сме вклучени во различни проекти, дали интернационални или локални преку коишто работиме на зачувување на природата. Во нашиот младински центар ние имам еден Еко Клуб којшто работи неделно на нови иницијативи и програми за природата, дали се акции за чистење, кампањи за заштита, информирање на младите, но и на секоја публика. Мислам дека ние сме единстевната организација којашто дели отпад и рециклира. Тоа го почнавме годинава од 1 јануари. Цел отпад што го прпизведуваме во нашиот простор се рециклира“ вели Дули.

Тој смета дека не доволно се случуваат еколошки акции. Вели можеби еднаш месечно или еднаш на два-три месеци.
„Младите се вклучуваат само ако се повикани, некако повикани од страна на училиштето, дали средно или основно, некоја организација итн. Не мислам дека младите се вклучуваат своеволно поради тоа што не знам, немаат некое размислување дека треба да се грижат за неа. Свесноста не им е толку достигната за да мислат на природата туку мислат на некои други работи. Мислам дека треба да има повеќе, барем еднаш месечно да има. Ние со Еко-кулбот се трудиме да имаме месечно барем по една акција, дали за чистење, дали за информирање на младите околу екологијата и околу тој цел менаџмен на ѓубре коешто го имаме, но сепак, не е доволно. Неможе една организација тоа да го реши“ вели тој.
Дули смета дека казните можат да бидат ефикасни, иако е свесен дека тоа не е најдобра варијанта.

„Но, така во странство функционира. Значи, ти ако фрлиш ѓуре, добиваш казна. Ако не си го косиш тревникот пред твојата куќа, добиваш казна. Во Германија на секоја улица си имаат мало тревниче. Многу мал простор, еден квадрат, мора да го одржуваат, тој ако не посади цвеќиња ќе дојдат од комуналното, тие ќе посадат и ќе му наплатат. Затоа што сепак тоа е пред неговата куќа. Значи тоа мора да го има и кај нас. Некако да се научат дека треба да се грижат, дека не е грижата само за она што е внатре во својот двор или во нивната куќа. И надвор треба да се грижат. И пред куќата треба да се грижат и на улицата. Не може се да направи јавното претпријатие за жал, мора сите да се вклучат во тоа и младите и постарите генерации. Значи, тоа е нешто што ние треба да го имаме во нас и да ги научиме најмладите за кога ќе пораснат тие да ги учат другите за да се грижат за природата, за чистотата во градот“ вели Дули од Сфера интернациона.
Најави серија на предавања во средните училишта за поголема промоција на тој Еко клуб, да ги поттикнат да се вклучат и зошто тоа е добро за нив и како тие можат да придонесат за еколошката средина. Урбана и рурална екологија во град и во природа, за да знаат како да се грижат на двете локации.












